еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност

Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е во фокусот на јавноста извесен период, а неговото поставување на функцијата, како и неговото образование и квалификации стана и причина за секојдневно „препукување“ помеѓу власта и опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојан Христовски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Во меѓувреме јавноста лично од него дозна и дека нема сертификат „Државна тајна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски нема сертификат „Државна тајна„

Каков имот пријавил

Денови на страна на Аникорупциската комисија е објавен неговиот нов анкетен лист.

еМагазин неодамна го објави неговиот анкетен лист кој го доставил до Комисијата кога станал директор на ЈП „Градски паркинг“ Скопје, според кој на свое име имаше пријавено стан од 53 метри квадратни во Скопје, возила Пјаџо Беврели и БМВ 320 и кредит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Бојан Христовски, кој е именуван за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Во новиот анкетен лист кој го доставил до Комисијата кога стапи на новата функција пријавил еден стан на име на сопругата во скопски Центар.

На свое име пријавил возило Фолксфаген, а на децата, сопругата и на свое име пријавил и акции и удели во инвестициски фондови.

На име на сопругата пријавил кредит од 4,7 милиони денари, кој треба да се врати до 2048 година.

Неговата сопруга е директор во ПЗУ Водњанска.

Фото: Христовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба, ќе трае 30 дена

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на кочанскиот „Водовод“ за набавка на струја вреден 498.000 евра

Редакција

(Галерија) Заев и куп министри со семејствата на отварањето на Дино парк во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница