еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Членот и потпретседател на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, второосомничениот за случајот со поткуп со врховниот судија Наке Георгиев, денеска треба да се појави во Крвичниот суд Скопје пред судија на претходна постапка по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да му се определат мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Тој за медиумите изјави дека не направил ништо незаконско и дека не го познава поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мемети, второосомничениот во случајот со поткуп, Обвинителството бара мерки на претпазливост

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал член на Советот на јавни обвинители.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во Тетово од наследство, стан во Скопје од 64 метри квадратни, а како заеднички имот од наследство пријавил повеќе ниви во селото Раковец, тетовско.

Поседува и акции, но не навел каде.

На име на сопругата пријавил две девизни штедни книшки, а на свое име два кредити, земени во 2020 и 2019 година, од по 14,2 илјади евра и 59 илјади евра, за кои не дал податок до кога треба да ги врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Претрес и кај Иџет Мемети за случајот со Наке Георгиев

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР откри 50 килограми марихуана при претрес на дом во неготинско

Редакција

Промени во раководството на ДУИ: Кои се новите секретари?

Редакција

Владата со сет итни мерки ќе ја подобрува сајбер безбедноста на институциите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница