еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија“

Поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија, Нехат Нухи, заедно со поранешниот медицински директор на Клиниката, Нино Васев, се меѓу обинетите за случајот познат како “Онкологија“.

Вчера и двајцата на барање на Основното јавно обвинителство Скопје добија куќен притвор, а и за двајцата продолжуваат да важат и претходно изречените мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

За случајот се поднесени две обвиненија, а Нухи е опфатен со тоа кое се однесува на економското работење на Клиниката, каде заедно со Васев, е обвинет за злоупотреба, измама и проневера во службата.

Според Обвинителството со незаконска набавка на лекови двајцата го оштетиле буџетот за околу 36 милиони евра. Тие се товарат и дека го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување да врши незаконска исплата и дека им овозможиле корист на добавувачите од околу 7 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“: Сите детали

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Нухи, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа во селото Семениште, Општина Сарај, како и непрецизиран имот, проценет на 35,7 милиони денари, од наследство.

Вози БМВ, а како заеднички имот пријавил златен накит, проценет на 492 илјади денари.

Пријавил и три кредити.

Едниот е заеднички, во вредност од 564 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.

За вториот, кој е на негово име, во вредност од 1,2 милион денари не дали податок кога треба да го врати.

На свое име има и кредит од 637,8 илјади денари, кој требало да го врати лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата на релација Амстердам-Скопје-Амстердам

Редакција

Сите детали: Меѓународна криминална група извршила кражби од сефови во Шпаркасе банка и Централна кооперативна банка во Скопје

Редакција

Државните ревизори утврдиле дека растат приходите на ВМРО-ДПМНЕ од буџетот, а се намалуваат од членарини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница