еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Фатмир Лимани, новиот министер за социјална политика, демографија и млади

Фатмир Лимани, потпретседателот на Беса, која е дел од коалицијата „Вреди„, е новиот министер за социјална политика, демографија и млади.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник на последните парламентарни избори. Сега ќе треба да поднесе нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

На свое име има шума во Колари.

Вози две возила, Јамаха и Ауди, а на име на децата пријавил и БМВ.

Во анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога бил заменик-директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на име на родителите пријавил куќа во Кичево, а на име на сопругата возило Фолксфаген Голф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Гордана Димитриеска Кочоска, новата министерка за финансии

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Фото: Лимани/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија без коментар за посетата на бугарската делегација на здружението „Ванчо Михајлов“ и за условите на Софија

Редакција

Нови 198 случаи на заразени со корона вирусот од 1.382 тестирања, 83 во Скопје

Редакција

(Галерија) Литургија на врвот Голем Крчин (2.341мнв), во организација на Бигорската Обител по осми пат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница