еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Христијан Костов, на чие директорско место во „8 Септември“ е именуван Синиша Стојаноски

Д-р Синиша Стојаноски е новиот директор на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смена на директори на ГОБ „8 Септември“ и Институт за јавно здравје

Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Христијан Костов.

еМагазин го разгледа анкетниот лист кој Костов го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил три стана во Скопје кои се подарок.

На име на сопругата пријавил дел од куќа од наследство во Скопје, дел од куќа во Берово, кој е подарок, како и стан во Скопје, кој е исто така подарок.

На нејзино име пријавил и земјиште во Берово.

Вози БМВ, а неговата сопруга Фолксфаген.

На име на сопругата пријавил и кредит од 420 илјади денари, за кој не дал податок кога треба да се врати.

Пријавил и приходи по основ на консултантски услуги, од наставно научна дејност, по основ на услуги во осигурителни компании…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори и на клиниките за дигестивна хирургија и на детски болести

Каков имот пријавил Дејан Докиќ, кој е разрешен од директорското место на Клиниката за пулмологија и алергологија

Кои се новите директори на клиниките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имам еден стан на мое име и еден на фирма, ама тие се на Груевски, рече на судењето за „Плацеви на Водно“, секретарката на Алек Теранова

Редакција

(Видео) „Кој треба да се извини, жената која исто така макотрпно се борела за да ги роди своите деца?,“ рече Димитриеска Кочоска прашана дали ќе и се извини на Петровска

Редакција

(Фото) Американската амбасадорка Кејт Брнз остана без здив на Велушина и уживаше во медот од Дихово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница