еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Џемали Саити, кој е назначен за в.д. претседател на Врховниот суд

Вчера Судскиот совет го назначи судијата Џемали Саити за в.д. претседател на Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џемали Саити избран за в.д. претседател на Врховниот суд

За него гласаа 10 членови на Советот, а двајца беа против.

На новата функција ќе стапи од 13. март.

Доаѓа на местото на Беса Адеми, на која мандатот и завршува ден претходно.

еМагазин го разгледа неговиот имот, со податоци од 2016 година, кои се достапни на mkopen.org.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во селото Глумово од 280 метри квадратни.

Во истото место на име на родителите пријавил и земјиште од наследство.

Пријавил и две возила пежо, едно на негово име, а една на име на сопругата.

Во 2016 година, кога се објавени овие податоци имал и кредит, кој според тогашните податоци, би требало да е вратен, како и побарувања по основ на заем, за кои не е наведен рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Џемали Саити, кој е назначен за в.д. претседател на Врховниот суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Грешка на службите на белградскиот аеродром со патници од Македонија создаде хаос

Редакција

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Редакција

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Клуге: Пандемијата не е завршена, вакцинацијата е клучна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница