еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работел Жито Лукс во првиот квартал

Во првото тромесечие од годинава, Жито Лукс АД Скопје, остварил добивка пред оданочување во износ од 2,2 милиони денари, приближно ист резултат како и првото тромесечие лани, информираа од таму преку Македонската берза.

-Оперативниот профит е зголемен за 1,2 милиони денари споредено со првото тромесечие од минатата година.

Бруто добивката за споменатиот период е во износ од 86 милиони денари, при што е реализирана бруто маржа од 31%.

Приходите од продажба во првиот квартал од 2025 година се генерално на исто ниво како минатата година.

Продажбата на водечките категории како специјален леб и тост леб бележи пораст од 4% во обем во споредба со истиот период минатата година, додека намалувањето доаѓа од останатите споредни категории на производи.

Останатите оперативни приходи, во износ од 2,7 милиони денари, се благо намалени за 3% во споредба со истиот период минатата година.

Трошоците на произведени производи се зголемени за 3% споредбено со минатата година. Главни фактори кои придонесуваат за повисоките трошоци се зголемените цени на примарните производствени инпути, цената на пченицата и енергијата, како и трошоците за работна сила.

Останатите оперативни трошоци се намалени за 9%, воглавно поради повисоките трошоци минатата година поврзани со процесот на ребрендирањето на Друштвото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку потрошил Жито Лукс за плати и надоместоци на менаџментот лани

Жито Лукс лани со зголемна добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во Вила Водно

Редакција

Технокомерц со загуба во првите девет месеци

Редакција

Судскиот совет ќе изврши увид врз пресудата со која Пајазити доби две години затвор за прегазувањето на Теодора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница