еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камерите на „Безбеден град“ ќе снимаат од догодина, прво опомени, па казни

Системот „Безбеден град“ ќе профункционира догодина, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Се размислува во првите шест месеци да се делува едукативно и информативно, а потоа да се почне со ригорозно казнување. Секој што ќе направи прекршок ќе биде казнет, а средствата за казната веднаш ќе му бидат одземени од сметката,“ изјави Мицкоски.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР), годишно во Скопје се евидентираат околу 22.000 сообраќајни прекршоци.

На прашањето зошто на улиците нема доволно сообраќајна полиција која ќе спречи дивеење, како што е брзо возење или паркирање во трета лента, премиерот одговори дека ситуацијата ќе се промени.

„Ако има полиција, тогаш велите дека сме полициска држава. Ако ја нема, прашувате зошто ја нема. Но, еве, сега постојано ќе има полиција, затоа што мора да се стави крај на ваквите ситуации,“ додаде Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биониженерот Кунгуловски: Носењето маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе е небулозно и бескорисно

Редакција

(Видео) Како изгледаше Скопје пред земјотресот, а како изгледа денес?

Редакција

Финска утре ќе стане членка на НАТО, најави Столтенберг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница