еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол” ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Главниот град на Црна Гора од 23 до 25. февруари ќе биде домаќин на Балканското карате-првенство, а осум членови на „Макпетрол” ќе бидат меѓу натпреварувачите. Во Подгорица ќе учествуваат спортисти од 13 држави, кои што ќе се соочат во машка и во женска сениорска конкуренција. Вкупно се пријавени 298 учесници.

Конкуренцијата на Балканското првенство е навистина силна. Пропозициите за учество дозволуваат да бидат пријавени најелитните и најдобро рангирани четири спортисти од секоја држава во секоја категорија. Сите каратисти на „Макпетрол” првично ќе настапат во поединечна конкуренција во своите тежински категории и потоа поголемиот дел од нив ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација во дисциплината борби (кумите).

Дел од машкиот тим на „Макпетрол” се: Петар Заборски (-75 кг. и екипно), Витомир Трајковски (-84 кг и екипно), Давид Петков (-67 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.) и Димитар Лозановски (-67 кг.). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат: Ангела Мојсовска (-68 кг. и екипно), Викторија Јовановска (-61 кг. и екипно) и Јована Мицовска (-61 кг. и екипно).

Иако уредно пријавени, поради здобиени повреди на претходните настапи нема да учествуваат три искусни сениори и сениорки од „Макпетрол”: Симона Заборска, Стефан Стојановиќ и Петар Спасеновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум медали за каратистите од учеството на европските универзитетски игри на боречките спортови во Загреб

Редакција

Сојуз на спортови ги додели наградите 13 Ноември

Редакција

Пријавувањето на Skopje Run 10K завршува на 1. октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број на учесници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница