еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ги зголеми царините кон САД, од 84 на 125%

Кинеското Министерство за трговија објави дека ги зголемува тарифите за увозот од САД, од 84 на 125%.

Одговорот доаѓа по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, на 90 дена да ги стопира царините за 60 земји, освен за Кина, кон која царините ги зголеми на 125%.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг, побара Кина и Европската унија (ЕУ) заеднички да се спротивстват на малтретирањето од страна на Трамп.

„Кина и ЕУ треба да ги исполнат своите меѓународни одговорности, заеднички да го задржат трендот на економска глобализација и меѓународната трговска средина и заеднички да се спротивстават на едностраното малтретирање, не само за да ги заштитат своите легитимни права и интереси, туку и за да ја заштитат меѓународната правичност и правда и да ги заштитат меѓународните правила и ред“, истакна Џинпинг на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ЕУ ги одложи царините кон САД за 90 дена

Трамп ги стопираше царините за 60 земји на 90 дена, освен за Кина

ЕУ воведува царини кон САД од 25%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Падна системот за контрола на граничните премини

Редакција

Нови 29 случаи на заразени со коронавирусот во Македонија, вкупно 1.723

Редакција

(Видео) Снег и на Попова Шапка и Пониква

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница