еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кичевчанец при лов случајно убил 40-годишен маж од Бигор Доленци

Кичевчанец вчера при лов испукал патрон од ловечка пушка и усмртил 40-годишен жител на селото Бигор Доленци.

-Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С. (56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј. (40) од истото село, по што Д.Ј. починал, информираат од полицијата.

Увид на местото извршил јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно осум години затвор за двајца професори и две години условна казна за еден професор од Економски факултет за примање поткуп

Редакција

Низа слабости откри Државна ревизија во работењето на Централниот регистар

Редакција

“Навреда на македонското национално достоинство“: Сојузот на борците за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница