еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

„Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информираат од таму.

Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на инфраструктурата и создавање услови за поквалитетна здравствена грижа.

„Нашата цел е да поддржиме проекти кои го подобруваат животот на граѓаните и оставаме трајно влијание врз заедницата. Оваа донација е знак на посветеноста на членовите на Македонија2025 кон Македонија и нашата заедничка визија за поубава иднина за децата,“ истакна претставник на Клубот на Амбасадори.

„Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 е мрежа на истакнати професионалци, визионери и лидери кои преку своите активности придонесуваат за економскиот и општествениот развој на Македонија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани, вели доктор Беќаровски за драстичниот раст на заболени со Ковид-19

Редакција

Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Десничарската Народна партија победи на изборите во Шпанија, неизвесно кој ќе оформи парламентарно мнозинство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница