еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој го отвори првиот маркет во Србија

Стокомак, македонскиот синџир на маркети, вчера го отвори својот прв маркет во Србија, во Пирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонски Стокомак го отвори првиот маркет во Србија

Трговската фирма во првата фаза од влезот на српскиот пазар планира маркети и во Параќин, Лесковац, Панчево и Ниш, каде и е централата.

Маркетот во Пирот се протега на 600 метри квадратни, а првичната инвестиција на Стокомак на тој пазар е околу 5 милиони евра.

Кој е Стокомак

Иако е еден од најуспешните ланци на маркети во Македонија, пред се поради ниските цени, многу малку информации се знаат за него.

Основан е во 1997 година од брачниот пар Зоран и Ѓурга Ѓеоргиеви, кои и управуваат со него.

Во Македонија досега има отворено 73 маркети.

Последниот беше отворен неодамна во Куманово на површина од 1.100 метри квадратни.

Стокомак според податоци на БизнисМрежа во 2023 година имал нето добивка од 4,1 милиони евра, што е за 18,8 % повеќе од 2022 година и 14,3% повеќе од 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Колкави плати нуди македонски Стокомак за маркетите во Србија

Кои ланци на маркети најмногу ги префирираат македонските потрошувачи

Фото: Стокомак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското археолошко друштво за законските измени за Бехтел и Енка: Собранието менува закон во полза на бизнисот, а на штета на културното наследство

Редакција

„Стандард и Пурс” го намали кредитниот рејтинг на Русија

Редакција

Загинатите во несреќата во Кавадарци биле на 30 и 50-годишна возраст: Детали од Обвинителството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница