еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој ќе биде нов гувернер на Народната банка, се шпекулира со четири имиња

Кој ќе биде кандидат за нов гуварнер на Народната банка ќе биде познато во понеделник, за кога се очекува во македонското Собрание да стигне предлогот.

Гувернерот го предлага претседателката на државата, Гордана Сињановска Давкова, а го бираат македонските пратеници.

Новиот гувернер треба да биде избран до 21. мај.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека во понеделник предлогот ќе стигне во Собрание, но не сакаше да открие кој е неговиот фаворит.

Во меѓувреме веќе подолг период се шпекулира со четири имиња: поранешните министри за финансии, Зоран Ставрески, кој подолго време е без државна функција, како и Трајко Славески, кој е пак актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Се шпекулира и со името на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која има право на нов мандат и со иметот на Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одбор (НО) на Клириншки интербанкарски систем (КИБС), а која е и член на НО на Стопанска банка АД Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

Редакција

Европска комисија: Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски

Редакција

(Видео) Потрагата по Мартин продолжува и денеска – потребни се волонтери, параглајдери, луѓе кои поседуваат дронови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница