еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за 36-годишниот М.А., кој пукаше во градоначникот на Арачиново

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 година во селото Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими и други лица вработени во Општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А. (22), информираа од Министерството за внатрешни работи.

-Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.

По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 година до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како е нападнат градоначалникот на Арачиново, напаѓачот не е идентификуван

Кои се повредените при нападот на градоначалникот на Арачиново

Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, Обвинителство поведе постапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 780 пациенти заболени суспектни на Ковид-19

Редакција

Тимоние: Можни добри вести од ЕУ во мај ако има успешни избори

Редакција

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница