еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за полицаец за семејно насилство

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднела кривична пријава против полицискиот службеник М.К., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство“ од Кривичниот законик, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднел предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина од Колективниот договор на МВР и изрекол задолжителни мерки – одземање на оружјето.

-Имено, на 31.1.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатиот 22-годишен пациент од Ковид-19 имал Даунов синдром

Редакција

Брисел ја поздрави одлуката на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

Редакција

Важи и за туристите: Во Грција од 15 јули повеќе привилегии за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница