еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Ла Тераца“ е избраниот концесионер на „Македонско село“

Во јуни треба повторно да почне со работа комплексот „Македонско село“, кој не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби.

Новиот концесионер е фирмата „Ла Тераца“, која имала најповолна понуда, објави 360 степени.

На огласот се јавиле две фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избран концесионерот за комплекс „Македонско село“ во Нерези

Новиот концесионер ќе плаќа месечна кирија од околу 3.500 евра, а според договорот сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата.

Фирмата треба да достави и банкарска гаранција, а доколку планира да инвестира во доградба на објектот ќе треба за тоа да достави барање до Владата.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“, од 1. јуни комплексот почнува со работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Св.Климeнт Охридски: Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ – затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител

Редакција

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција

Живко Мукаетов меѓу највлијателните 25 бизнисмени во регионот на листа на Блумберг Адриа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница