Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за Слободен печат откри дека матичниот лекар Ацо Трповски (67), не бил убиен во неговото возило во скопска Железара, каде беше пронајдено неговото беживотно тело, туку на друго место.
Засега не е познато каде.
Тој откри дека и третото приведено лице за оваа убиство кое ја потресе јавноста е пуштено на слобода, како и претходните две.
Тие се ослободени поради немање на докази.
67-годишниот лекар беше пронајден мртов од неговиот син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема доказ дека притворените лица го убиле докторот Ацо Трпковски, велат од Обвинителство
Што е познато за убиството на докторот Ацо Трпковски: Три лица се приведени, кој е мотивот?