еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лице од Скопје деветта жртва од грип

Лице од Скопје на 65-годишна возраст е деветта жртва од сезонски грип оваа сезона.

Истото е регистрирано во извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип за минатата недела.

Лицето било хоспитализирано на Клиниката за пулмологија и алергологија и кај него е утврдено присуство на коморбидитети – кардиоваскуларни, белодробни. Не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип.

Од починатите од грип, четири лица се од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип.

Пет од нив се од возрасната група од 15 до 64 години и четири од возрасната група над 65 години.

Сите биле хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип.

Минатата недела бројот на заболени од грип изнесувал 1.875 случаи, што е за 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела.

Минатата недела е регистриран и еден смртен случај со коморбидитети од САРИ во ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад од 24,9%: Минатата недела 130 реинфекции со Ковид-19

Редакција

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа

Редакција

Пак се јавил само Визер: Повторно поништен повикот за субвенционирање на авиокомпании

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница