еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија подготвена за уставни измени, ама со одложена примена

Македонија е подготвена за уставни измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, ама со одложена примена, откако земјата ќе ги заврши преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Деновиве тоа го потврдија и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Според Муцунски овој предлог не излегувал од преговарачката рамка, а за истиот имало и разбирање од дипломати со кои разговарал.

Во „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека на тој начин ќе се обезбеди гаранција за Македонија дека нема да има ново вето од Бугарија во текот на преговорите само поради билатерално прашање.

Во спротивно сценарио со усвоени уставни измени од Собранието и нова блокада на евроинтеграциите, Муцунски оценува дека ќе се наруши легитимитетот на Европската Унија.

Сепак овие прашања тој смета дека може да се отворат само кога соседите ќе добијат стабилно политичко раководство.

-Сменивме знаме, менувавме грб, менувавме под притисок банкноти, Устав неколку пати, име… Се што можеше да се смени за да бидеме понижени како народ, направивме. Не знам уште што остана. И секогаш без исклучок ни беше кажувано, уште само ова и тоа е последно…

Едно од решенијата е и ова. Не сме ние политичарите кои треба да судат чии човекови права се нарушени. Си има институција и се вика Суд за човекови права која 14 пати донесе пресуда во корист на Македонците во Бугарија дека им се нарушени правата и ниту една пресуда за нарушување на правата на Бугарите во Македонија, рече вчера Мицкоски прашан за изјавата на Муцунски.

Тој праша „што ќе се случи ако утре некоја нова влада во Бугарија ни каже дека не можеме да продолжиме со преговорите со ЕУ се додека не прифатиме дека Илинденското е бугарско-преображенско востание“ или дека „Гоце Делчев и Даме Груев биле Бугари?“.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Верувале или не: Во Тетово затворена автоперална пред училиште, поради која учениците 20 години наместо на тротоар одеа по улица

Редакција

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова и делегација од Македонија на чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница