еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради изјава на министерот Николоски

Македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, вчера била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) за да ѝ се изрази остар протест поради изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во која тој рече дека секогаш за време на изборите во Бугарија се злоупотребува темата Македонија.

Тој порача дека во Бугарија прво треба да си ги средат работите по дома, да изберат политичка влада и дека потоа би седнале на маса и би разговарале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со Македонија, велат од бугарското МНР

Николоски, кометирајќи ја претходната реакција на бугарското МНР рече и дека нема намера да одговара на луѓе што ловат политички поени, а кои во моментов се политички маргиналци во Бугарија, зашто се претставници на влада која нема легитимитет од никого.

„За жал, беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почетокот на преговорите со Европската Унија.

Официјалниот и секој следен владин кабинет ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитување на принципите на добрососедство“, велат во новата реакција од бугарското МНР.

Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во оваа фаза не гледам причина за укинување на ветото, одамна поставивме пет услови, вели Јотова

Редакција

„Абе ај една пријателска да изиграме со Бразил“: Твитер за победатата над Италија

Редакција

Град Скопје вработува 21 лице, плата до 32.868 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница