еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Рангирање на интернет-страницата „Глобал фајрпауер“, која е специјализирана за ваков тип рангирања ја смести македонската Армија на 108. место во светот.

Прва на листа е армијата на САД, втора војската на Русија, а трета на Кина.

Од регионот најдобро рангирана е грчката војска на 30. место, армиите на Србија и Бугарија се на 58. и 59. место, армијата на Хрватска е на 69. место, војската на Словенија е на 86. место, армијата на Албанија на 91. место, војската на Црна Гора е на 128. позиција и војските на Босна и Херцеговина и Косово се на 133. и 134. место.

Во рангирањето се вклучени 145 земји, а армиите се рангираат според воената моќ, финансиите, логистиката, силата, големината на војската…

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Редакција

Директорката на УЈП, Лукаревска за МИА: Вирусот навистина постои, ако не направев тест, немаше да знам дека сум позитивна

Редакција

Анкета на МЦМС: СДСМ има предност пред ВМРО-ДПМНЕ од само 0,4%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница