еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонскиот БДП во четвртото тримесечје лани пораснал за 0,9%

Државниот завод за статистика соопшти дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9  проценти.

Во четвртиот квартал лани поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 5,5 проценти и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3, 5 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално пораснала за 5,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,9 проценти.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,3 проценти.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.

Минатата година, стапката на раст на БДП во првото тримесечје изнесуваше 2,1 процент,  во вториот квартал  1,1 процент, а во третиот квартал 1,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската Федерална агенција за биомедицина oткри нова опасна мутација на Kовид-19 која ја намалува ефикасноста на вакцините

Редакција

ЕБОР и НЛБ Банка потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони евра за поддршка на претпријатијата

Редакција

43 лица од починатите од коронавирусот во Македонија имаат хронична и здравствени состојби

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница