еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот јазик е 90% бугарски, вели европратеникот Кефалојанис од владејачката Нова демократија

Провокација за Македонија на седница на Европскиот парламент од страна на грчкиот европратеник Емануил Кефалојанис, кој доаѓа од владејачката Нова демократија.

Според него македонскиот јазик бил 90% бугарски, а до таа констатација дошол откако видел дека преставниците од Македонија на седницата не ставале слушалки за превод кога некој зборувал на бугарски.

„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете.

Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот“, рече Кефалојанис.

Според него употребата на терминот „македонски“ било прекршување на Договорот од Преспа.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица не не ја почитувале мерката за изолација, 633 прекршоци за неносење заштитна маска

Редакција

Починаа шест лица од Ковид-19, најмладиот има 44 години

Редакција

Министерство за информатичко општество и администрација склучи договор со Некстсенс вреден 906,3 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница