еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

“Макпетрол“ со трета по ред награда за општествено одговорната кампања „Крени Глас“  

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се закити со бронза на неодамнешниот фестивал на креативноста, BalCannes, информираат од таму.

На регионалниот собир, што се одржа од 15 до 18. мај во Ровињ, Словенија, македонската компанија освои признание во категоријата за корпоративни комуникации. Манифестацијата е меѓу најголемите во југоисточна Европа, а годинава беа пријавени рекордни 201 проект.

Кампањата се реализира со поддршка од маркетинг-агенцијата „Њу Момент“.

Ова е уште една во низата одличја што „Макпетрол“ го доби за активностите во рамки на кампањата „Стоп за булинг“.

На првите Socialize Awards, што на 24. април се одржаа во „Александар Палас“, меѓу 80 пријавени проекти, тој на македонската компанија беше прогласен за победник во категоријата „најдобра општествено одговорна кампања“.

Во октомври минатата година, пак, на фестивалот за дигитална креативност, SoMo Borac, кампањата на „Макпетрол“ ја освои регионалната награда во категоријата „дигитален микс“.

„Крени глас против врсничко насилство“ е општествено одговорна кампања што „Макпетрол“ ја отпочна во септември 2023 година, со цел да го зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот.

Во рамки на активностите, викендов се одржа голем настан на „Школка“ во Градски Парк во Скопје, во којшто уживаа неколку илјади посетители. Дел од програмата беа Боно, Пајак и Лара, Петко, Сашко Коцев, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Собирот вклучуваше и низа забавни активности за најмладите, како и одлични можности за дружење.

Кампањата на „Макпетрол“ моментно е во втората фаза, која што, меѓу другото, опфаќа организација на едукативни работилници наменети за родители. Вакви средби досега беа овозможени на 15 локации, а во следниот период ќе се одржат во Струга и во Охрид. Во првата фаза од кампањата беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Тие се одржаа во 26 општини кои што се приклучија, ги поддржаа активностите на „Макпетрол“ и со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка.

Интернет-страницата kreniglas.mk е платформа што содржи информации кои можат да придонесат во подобро разбирање на проблемот со булингот.

За „Макпетрол“ општествената одговорност е една од најзначајните стратешки цели. Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата цели кон зголемен јавен интерес и давање придонес во креирањето решенија за проблемот со булингот. Децата, учениците, младите генерации и во иднина ќе бидат дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

Редакција

Нова партија во албанскиот блок: Основана Демократско движење на Меџити

Редакција

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница