еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Маркетите нема да работат за Божиќ

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата на денешната седница ја променила препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на претходна владина седница.

Владата го разгледала и прифатила посочувањето на Министерството, дека 7. јануари (недела) и 8. јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците.

Владата на денешната седница одлучила да престане да важи препораката за работа на 7 и 8. јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР вработува млади дипломати

Редакција

Народна банка: Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Редакција

25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница