еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Марш и бојкот за 8 Март – „Нека јадат ружи“

Марш за женски права, ќе се одржи на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, 8. март (сабота).

„Оваа година маршираме под слоганот: „Нека јадат ружи!“, со почеток во 13:00 часот пред Универзална сала.

8. Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8. Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите.

А во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме, не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Овој 8. Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење, Ве повикуваме на женски марш и на солидарен женски бојкот.

На 8. Март повикуваме на бојкот на големите маркети, ланци и трговските центри кои преку вештачки наметната инфлација нѐ доведуваат до раб на егзистенција. А за да ја истакнеме вредноста на сè што секојдневно правиме во домот, овој 8. март ги повикуваме жените на бојкот на домашните обврски.

Затоа, ве повикуваме да марширате заедно со нас за да му се спротивставиме на силеџиството на овој систем и да ги сопреме неговите запчаници, барем на еден ден.

По нашето обраќање, се движиме по предвидената рута, а маршот ќе го завршиме во Паркот Жена Борец, со завршни обраќања до јавноста и институциите”, велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адинг ја зголемил добивката за 52,4% во првите три месеци

Редакција

Како да инвестирате: Граѓанските обврзници од втората емисија се достапни

Редакција

Победникот на Евровизија е негативен на тестот за дрога

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница