еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа кај Росоман

Утрово на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случи тешка сообраќајна несреќа, во која две лица се потешко повредени.

„Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К. (53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д. (23) од Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П. (21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Фото: ТППЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 274 акции на ОКТА

Редакција

Посета обвиена во тајност: Зеленски во Киев се сретна со Блинкен и Лојд

Редакција

Масовна тепачка во тетовско кафуле, петмина повредени

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница