еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Спасено мече кое се заглавило на дрво во двор на викендица во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума,“ се вели во соопштението на ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ал Каеда доби нов лидер полош и од Осама бин Ладен и се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Видео) Прекрасен ден на Клиниката за детски болести: Малиот Теофан го победи ракот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница