еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Молк од Софија за провокациите на Костадинов за Македонија, осуда стигна и од Украина

И по неколку дена нема никаква реакција, ни осуда, од официјална Софија за провокациите на Костадин Костадинов, лидерот на бугарската проруска и крајнодесничарска партија „Преродба“, кој бара припојување на Македонија кон Бугарија, но и на украинската област Јужна Бесарабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадинов, лидерот на „Преродба“ кој бара припојување на Македонија кон Бугарија

Освен во Македонија, предлогот на Костадинов го осуди и Украина преку амбасадата во Софија.

Во реакцијата се осудува изјавата на Костадинов, кој според Украина, повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прераспределба на границте во Европа.

-Изјавите на партискиот лидер на „Преродба“ за територјалната агресија против Украина е неприфатлива за политичар на ЕУ и ја потврдува неговата систематска пропаганда на наративите на Кремљ, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Напад врз суверенитетот на државата”: МНР ја осуди изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија

И „Вреди“ го осуди предлогот на Костадинов, го нарече маргинален проруски политичар

Филипче очекува реакција од Софија и ЕУ за изјавата на лидерот на бугарската „Преродба„ за припојување на Македонија со Бугарија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Рано ми е за пензија, не се враќам во Струмица

Редакција

Убава вест: 185 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје 98, од Штип 25

Редакција

Нов обид: Поднесен Предлог закон Македонија да стане една изборна единица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница