еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН препорачува скратени часови за основците, до 17. јуни

Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН) во врска со високите температури во земјава и обврската на основците до 17. јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време – училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да консумираат поголемо количество вода и за време на училишниот ден да не консумираат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

-Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија, информираше Министерство за образование и наука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Есенска бура“ на Криволак: Tестирање на борбената готовност на македонските единици

Редакција

Одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип повторно почна со работа

Редакција

(Видео) Поплави во повеќе градови во Србија, во Нови Пазар се трага по две лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница