еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ-ОА ги повикува верниците и граѓаните на масовно гласање

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) ги повика граѓаните и верниците масовно да гласаат на денешните двојни избори.

„Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот, така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!“, се вели во соопштението на МПЦ – ОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 11 часот излезноста на претседателските 12,87, а на парламентарните 13,69%

Што ако денеска нема цензус и не се избере нов претседател на Македонија

Досега изборниот процес се одвива мирно, велат од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Украина и Молдавија да почнат пристапни преговори со ЕУ, предложи Европската комисија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница