На 31.декември лани нето надворешниот долг на државата изнесува 4.630 милиони евра (или 30% од бруто-домашниот производ – БДП), покажуваат податоците на Народна банка.
Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1%.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7%.
Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони евра и изнесува 8.767 милиони евра, што претставува 56,8% од БДП за 2024 година.
Повеќе детали ОВДЕ.