Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Пецовски Владимир се стекнал со 17 нови акции, со што сега поседува вкупно 16.430 или 6,34% од вкупниот број на акции.
Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ пак продала 32 акции, со што сега поседува вкупно 21.721 или 8,38% од вкупниот број на акции.
Исто така членот на Управниот одбор, Велковски Марјан се стекнал со 10 нови акции, и сега поседува вкупно поседува 40 обични акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Настел повторно продаде акции на Реплек, Владимир Пецовски купи
Настел продаде, Душан и Владимир Пецовски купија акции на Реплек
Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година