еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Влатко Миладиноски со концерт на 22. март

Нашата фолк ѕвезда Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, ќе одржи голем концерт на 22. март во Македонската Опера и Балет во Скопје со почеток од 20 часот.

„Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба со мене го поставуваа прашањето кога ќе се организира еден голем концерт во Скопје и еве со задоволство можам да истакнам дека тој ден е 22 март,“ вели Миладиноски.

Не ја пропуштајте можноста да ги слушните безвременските хитови „Велат не нема”, „Ај да ојме Јано“, „Од таму се гледа Македонија“, „Ајде да си речиме една песна“.

Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од само 500 денари, а како дополнителен адут на вечерта, организаторите најавуваат специјални музички гости, чии имиња засега остануваат во тајност.

Контакт број за влезници и информации на 078 326 139 и онлине на mktikets и на нивните продажни места.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Полицијата во Арачиново пронајде дел од украдената марихуана од Јосифово, осомничени шест лица

Редакција

Германското вештачење за пожарот во тетовска болница готово, се чека преводот на извештајот

Редакција

Починаа уште 13 лица од Ковид-19, вкупно 3.076

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница