Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во ноември лани изнесувала 41.999 денари.
Податоците на ДЗС покажуваат дека нема промена во врвот во однос на тоа во кој сектор е највисоката просечна нето-плата. Станува збор за Компјутерско програмирање, консултатнски и сродни дејности, каде просечната плата во ноември е 96.576 денари.
Следи Научно истражување и развој – 65.635 денари, па Складирање и помошни дејности во превоз – 61.915 денари, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 61.329 денари и Воздухопловен транспорт – 60.004 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најниски нето-плати во ноември
Колку изнесува највисоката бруто-плата во ноември
Просечната нето-плата во ноември 41.999 денари