еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На дел од повредените во пожарот во Кочани ќе им требаат и до две години да заздрават

На дваесеттина повредени во пожарот во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, а кај дел од нив процесот на заздравување би можел да потреае и до две години, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

-Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече тој, посочувајќи дека времетраењето на рехабилитацијата на повредените варира помеѓу еден до 24 месеци, кај потешките случаи.

– На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација. За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој.

Моментално од 47 повредени кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба.

Во здравствените установи во Македонија има пет хоспитализирани повредени, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, на Клиникатата за пластична хирургија е хоспитализиран еден, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице

На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Делегација на романската Амбасада во посета на Алкалоид

Редакција

Телма: Делото за кое се гонат напаѓачите на М-НАВ е меѓународно кривично дело

Редакција

Арена спорт каналите прв избор за квалитетно спортско уживање на повеќе од 4 милиони домаќинства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница