еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Мицкоски му нуделе поткуп за пругата од Коридорот 8

На македонскиот премиер Христијан Мицкоски му нуделе поткуп за пругата кон Бугарија од Коридорот 8, откри тој денеска.

Понудата до него стигнала преку комуникациски канали изминатиот период, а од него се барало да даде согласност за тендерска документација.

Случајот го пријавил кај надлежните институции.

„За Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со којшто јас, како претседател на Владата, би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација која што истекува на 17. септември и кажав дека сѐ додека сум јас претседател на Владата, овој тендер, којшто е тековен и завршува на 17. септември, нема да го прифатам“, рече Мицкоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Редакција

Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда

Редакција

Претседателот Стево Пендаровски вработува три посебни советници, плата до 50.000 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница