еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника Жан Митрев за да ги изврши потребните специјалистички прегледи, информираат од таму.

На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.

На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен.

Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.

„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиника Жан Митрев на сите негови пријатели и сограѓани.

Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На роденденот на Горан Стефановски ќе се слави неговиот живот и работите што тој ги сакаше

Редакција

Децата чија мајка е во притвор по пожарот во кој почина едно нејзино дете, се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка, вели Шахпаска

Редакција

СЗО предупредува: Предвременото укинување на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница