еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во октомври раст на индустриското производство од 1,7%

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2023, во однос на истиот период од претходната година бележи раст од 1,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9,9 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15,9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19%.

Растот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 11,5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 %, Капитални производи за 27,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 28%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски го убил Жежовски, пукајќи му во слепоочница, кажа обвинетиот Манев

Редакција

Македонскиот старт-ап Laika ќе го порази LinkedIn на Балканот

Редакција

Европратеници бараат ЕУ да ги замрзне преговорите со Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница