еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема крај на несреќите по скопските улици: Пронајдена жената која што вчера удри во пешак и побегнала

Вчера додека се случуваше протестот поради загубата на животот на 22-годишната Фросина Кулакова, уште една сообраќајна несреќа се случи на скопските улици.

Овој пат, настрадал 38-годишен маж, а жената која удрила во него избегала.

„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М. (42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот.

А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на телевизијата Телма, повредениот по укажаната лекарска помош самоиницијативно си заминал од ТОАРИЛУЦ, без да го информира персоналот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците со „краток фитил“: Зачестени напади врз полицајци на должност

Редакција

Демократски сојуз за францускиот предлог: Бугарските националистички и негаторски барања стануваат европски

Редакција

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, кажа Ковачевски на Самитот на Советот на Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница