еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нестабилното време со услови за пороен дожд ќе продолжи до четврток

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето ќе има во петок.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви на Македонија во март 4,7 милијарди евра

Редакција

Меѓународната агенција за атомска енергија под итно бара проверка на состојбата во нукелеарната централа Запорожје

Редакција

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница