еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е најден пиштолот на обвинетиот Боре Видевски

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Скопје, сведочеше полицискиот службеник од Велес, Стојан Кујунџиоски, предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, кој бил вклучен во истрагата за исчезнувањето на Жежовски.

При претресот кај сопругата на обвинетиот Боре Видевски, Јасминка Видевска во Велес биле одземени ловна пушка, патрони и куршуми за пиштол 9 мм, но не и пиштол, за кој Видевски имал две дозволи, кажа меѓудругото тој.

Палевски го праша што се случило со оружјето, а сведокот меѓудругото кажа дека не може да каже каде е пиштолот марка „зброевка 75в“, за кој на Видевски му се одземени дозволите за поседување и носење и дека не учествувал при претресот, но истиот бил баран при претресот.

Сведокот рече и дека немал контакт со Видевски и дека немал можност да го праша за пиштолот, бидејќи обвинетиот бил спроведен во Скопје заради натамошна постапка.

Другиот сведок, предложен од Палевски, Мартин Панчевски, денеска не се појави во Кривичниот суд Скопје.

Судијата Ивица Стефановски рече дека била пратена покана доставница до него, а повратно било добиено дека такво лице не постои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски тврди дека бил во банка на денот кога е убиена Вања, но според Обвинителството, неколку часа по нејзиното убиство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг загрижен за најавата на Путин: „Нуклеарната реторика е опасна и неодговорна“

Редакција

Студениот бран ќе донесе само повремен снег на планините

Редакција

На 76-годишна жена ѝ нашле пиштол во куфер на летот за Цирих, изјавила дека е на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница