еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Не се одигра мечот помеѓу Алкалоид и АЕК, управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен

Вечерва во Скопје не се одигра финалниот натревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК, бидејќи управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен, поради закани од грчките навивачи.

Во салата „Борис Трајковски“ можеше да бидат присутни само 200 грчки навивачи, како што било договорено пред неколку дена, но за Скопје тргнале плус навивачи кои неофицијално биле вратени од граница.

И самиот АЕК пред неколку денови ги информирал своите навивачи дека за нив има само 200 билети.

Тие пак што стигнале во Скопје му се заканиле на клубот да не игра мечот, по што и тие во знак на солидарност се вратиле во Грција.

Натпреварот беше одложен, а што ќе се случува понатаму ќе биде познато во вторник или среда.

Дали ќе има нов натпревар или ќе му биде доделен пехарот на Алкалоид, ќе одлучува Европската ракометна федерација.

Првиот натпревар помеѓу двата тима се одигра во Атина, Грција, на кој Алкалоид победи со 29:25.

Фото: РК Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора урива рекорди на пазарот на недвижности во Србија: По цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан на Златибор

Редакција

Без причина нападнати новинари и повреден снимател од ТВ Алсат, ЗНМ бара МВР итно да реагира

Редакција

Нов раст: 81 случаи на Ковид-19 од 5.315 тестирања, најмногу од Скопје и Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница