еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишна елка на желби во Рамстор Мол

Традиционално, по 15. пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства, информираат од таму.

“Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки и радост кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.

-Дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.

Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на скромните  детски желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица.

Секое дете има право на радост, овозможете им го тоа на сите деца, бидејќи за детската радост не треба многу., велат од Рамстор Мол.

Акцијата ќе трае  до 27.12.2023 година, а на 28. декември на дечињата ќе им бидат доставени посакуваните подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Витаминка“ досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации онаму каде е потребно

Редакција

(ВИДЕО) Васе Панчовски, кој го фати крстот во Делчево, освоениот телевизор го донираше на семејство

Редакција

(Фото) Рамстор со уште еден маркет во Општина Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница