еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството нема да ги гони Јанакиески, Ристоски и Вељаноски за упадот во македонското Собрание на 27. април

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) нема да ги гони поранешните функционери Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за упадот во македонското Собрание од 27. април 2017 година, за случајот познат како „организаторите на 27 април“.

Обвинителството смета дека тие треба да бидат опфатени со Законот за амнестија од 2018 година и за нив судењето треба да запре.

„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија.

Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот, како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“, стои во мислењето на ОЈО ГОК.

Мислењето на Обвинителството следи откако Апелацискиот суд Скопје во април ја укина пресудата на Кривичниот суд Скопје и предметот го врати на повторно судење со инструкции во предвид да се земе Законот за амнестија од 2018 година.

Ваков предлог нема само за обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак, се уште е бегство.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Баклава објави видео за песната „Чаир“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ достави забелешки на 120 страници за законот за СЈО

Редакција

Актерот Јовановски го одби Заев: Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница