По приведувањето на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, бидејќи во возилото кое го возел, „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, полицијата му нашла 749 пиротехнички средства, се огласи и Јавното обвинителство.
„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привден
(Фото) Приведен Дрин Ахмети, внукот на Ахмети и еден од соствениците на „Соравија“