еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Овчар останал „заробен“ со овците заради надојдената Црна Река

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 20.04.2024 година во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, Г.Ц. (49) од село Габревци, Општина Конче, пријавил дека, додека го напасувал стадото овци по речното корито на река Црна Река во близина на село Манастирец, кавадаречко, надошла реката и му го ограничила движењето и заедно со овците останал на копно обиколен со вода.

Преку ХЕЦ „Тиквеш“ било интервенирано да се запре водата во реката, по што од страна на полициски службеници Г.Ц. и овците безбедно биле пренесени на брегот.

За настанот биле известени Територијална противпожарна единица Кавадарци и Центар за управување со кризи Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oграничување на големопродажната цена на природниот гас, бараат 15 земји-членки на Европската унија

Редакција

Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот

Редакција

34-годишник од Битола приведен за пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница