еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од денеска до 5. април помлаки радијаторите во Скопје

Од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираа дека согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5. април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика.

Очекуваме, додаваат од таму, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 степен Целзиусов.

-Причина за ограничување на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести Номагас, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек, велат од таму

За дополнителни информации потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100 во ЕСМ Снабдување и на (02) 3104 872 и (02) 3104 816 во ЕСМ Енергертика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стоп за присилната вакцинација“: Во Скопје се протестираше против мерките за невакцинираните граѓани

Редакција

Земјите од Г7 бараат брзо отворање на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ

Редакција

Единствен пат до двотретинско мнозинство за уставните измени е да се разговара со опозицијата, вели Пендаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница