еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од пожар во куќа во Скопје, спасени 12-годишно дете и жена, на полицаец укажана медицинска помош

Вчера во 10:16 часот, Е.Ј.С. од Скопје пријавила дека на улицата Александар Македонски во Скопје избувнал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С. (49) од Скопје. Во моментот на настанот, во куќата се наоѓале 12-годишниот син на пријавителката и нејзината мајка, В.Ј..

„По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници на СВР Скопје, двета лица беа успешно извлечени од куќата и пренесени со Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заради вдишување на чад“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што посочуваат од МВР, исто така, и еден полициски службеник бил изложен на чад и бил пренесен во болница за да му укажат лекарска помош, но неговата состојба е стабилна.

Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а од страна на полицијата се преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Јавен обвинител е известен за настанот, а увид бил извршен од увидната екипа на СВР Скопје.

„Нема повредени лица, а пожарот е целосно локализиран“, додаваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред осум училишта во Битола ќе бидат поставени смирувачи на сообраќајот

Редакција

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Каков имот пријавил Ѓоко Ристов, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница